Во израелските воздушни напади врз Газа се убиени неколку Палестинци

August 26, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Неколку Палестинци беа убиени и повредени вчера откако израелски воени авиони бомбардираа два дома во градот Газа и Хан Јунис во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Очевидци известија дека воени авиони го гаѓале домот на семејството Абу Рида во градот Абасан ал-Кабира, источно од градот Хан Јунис, при што има загинати и повредени. Медицински екипи и тимови за цивилна одбрана ги пренеле жртвите во Европската болница во Газа.

„Израелските окупатори бомбардираа два дома, едниот во градот Газа, а другиот на семејството Абу Рида во Абасан ал-Кабира, Хан Јунис“, соопшти Цивилната одбрана преку платформата Телеграм.

Сè уште не е потврден бројот на жртвите во нападите.

Според локалните здравствени власти, во израелските напади се убиени повеќе од 40.400 Палестинци, главно жени и деца и над 93.000 се повредени.

Поради тековната блокада на Газа постои сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а голем дел од регионот е во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнениот напад врз градот на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Колешката на Филипче, Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња, денес ги објавуваме сметките

Следно

Барселона ќе се обиде да го ангажира Леаo во последните денови од преодниот рок

Latest from Blog

Меџити: Координирани активности за заштита од високите температури во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Проданоски: Прилеп горд на своите ученици – тие се амбасадори на знаењето

Градоначалникот на Прилеп, Проданоски, истакна дека младите и нивните успеси се најсилната потврда за квалитетот, трудот и посветеноста во образованието. „Нашите ученици се нашата најголема гордост и најсилна потврда дека знаењето, трудот

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи
Go toTop