Во израелските напади врз Газа загинаа уште 47 Палестинци, билансот порасна на 37.598

June 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 37.598 Палестинци се загинати досега во офанзивата на Израел врз Појасот Газа од октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека во досегашните напади повредени се 86.032 Палестинци.

„Во израелските напади во последните 24 часа загинаа 47 лица, а 121 се повредени“, истакна Министерството.

Додаде дека многу тела сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Повеќе од осум месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде владее и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во Рафа, каде што повеќе од 1 милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија втората фаза на СП ја стартува утре против Португалија

Следно

Продолжува седницата за избор на новата влада, треба да се изгласа до полноќ

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop