Во израелските напади врз Газа досега убиени најмалку 42.924 Палестинци

October 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 77 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа во последните два дена, со што билансот на убиени од октомври минатата година достигна 42.924, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Најмалку 100.833 Палестинци се повредени во тековните израелски напади врз Газа, кои траат веќе една година, објави Министерството.

„Израелската окупација изврши седум масакри на семејства во последните 48 часа, со 77 убиени и 289 повредени“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.

Израелската офанзива врз Газа го расели речиси целото население на енклавата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

70-годишен маж пренесен во болница – внуците велат насилно ја отвориле вратата и го пронашле со повреда на главата

Следно

Пијани украле сообраќаен знак: УЕФА дисквалификува двајца полски судии

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop