Во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври се убиени 37.658 лица

June 25, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на убиени во Појасот Газа во безмилосните израелски напади од 7 октомври минатата година достигна 37.658, објави денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Најмалку 86.237 луѓе се ранети во нападите, се додава во соопштението на Министерството, додека смртоносните напади на Израел траат веќе 263 дена.

„Само во последните 24 часа, израелските сили убиле 32 лица и раниле 139 во три масакри на семејства“, соопшти исто така Министерството.

Се додава дека многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можеле да стигнат до нив.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им нареди на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија: Повлечена серијата на лекови Рудакол за третман на симптоми на иритабилна црева

Следно

Отоманските куќички за птици ја чуваат својата убавина веќе 5 века

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop