Во израелските напади на Појасот Газа животот го загубија 11.320 Палестинци

November 15, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 11.320 Палестинци загинаа во израелските напади на блокираниот Појас Газа од 7 октомври, а од нив 4.650 се деца и 3.145 се жени, известува Анадолу.

Прес-службата на Владата во Газа информираше и дека во израелските напади се ранети најмалку 29.200 лица.

Истиот извор објави дека уште 3.600 луѓе се водат за исчезнати под урнатините на зградите во Појасот Газа, вклучувајќи 1.755 деца.

„Во израелските напади загинаа и најмалку 198 медицински лица, 22 припадници на цивилната заштита и 51 новинар. Израелската агресија исфрли од употреба 25 болници и 52 здравствени центри, додека 55 возила на итната помош биле цел на израелските сили“, се наведува во соопштението.

Канцеларијата за медиуми соопшти и дека најмалку 40 пациенти починале во болницата Ал Шифа во Газа изминатите 5 дена поради израелската опсада и недостатокот на гориво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Израелската војска влезе во болницата „Ал шифа“, тврди дека таму е центарот на Хамас

Следно

Од денес задолжително поседување на зимска опрема

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop