(ВИДЕО) Израелската војска влезе во болницата „Ал шифа“, тврди дека таму е центарот на Хамас

1 min read

Според последните извештаи од „Ал Шифа“, во болницата се уште има неколку стотици пациенти и медицински персонал, како и неколку илјади луѓе кои побарале засолниште таму

Израелската армија објави дека влегла во комплексот „Ал Шифа“, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат.

Д-р Мунир ал-Бурш, генерален директор на Министерството за здравство на Газа, изјави за Ал Џезира дека израелските сили влегле во западниот дел на здравствениот комплекс.

„Се слушаат големи експлозии, а прашина доаѓа до областа каде што се наоѓаме. Веруваме дека експлозијата се случила во самата болница“,

изјави Бурш.

Неколку часа подоцна, портпаролот на министерството Ашраф ал-Кидра за медиумите изјави дека „окупациската војска сега е во подрумот и го пребарува“.

„Тие се во комплексот, пукаат и гранатираат. Израелските сили најпрвин ги нападнаа хируршките и итните оддели“,

изјави Мохамед Закут од Министерството за здравство.

Според последните извештаи од „Ал Шифа“, во болницата се уште има неколку стотици пациенти и медицински персонал, како и неколку илјади луѓе кои побарале засолниште таму.

Д-р Бурш рече дека медицинскиот персонал ја одбил наредбата на израелските одбранбени сили да се евакуираат бидејќи не сакале да ги напуштат околу 700 пациенти кои инаку би умреле.

„Проблемот не се лекарите, проблемот се пациентите. Ако ги оставиме, ќе умрат. Ако ги земеме, ќе умрат по пат. Ова е проблемот: зборуваме за 700 пациенти“,

рече Бурш.

Лекар кој работи во болницата „Ал Шифа“ во изјава за Си-ен-ен рекол дека биле известени за операцијата само 30 минути пред израелските сили да влезат во комплексот денес.

Израелската армија објави дека влегла во комплексот „Ал Шифа“ и дека „врз основа на разузнавачки информации и оперативни потреби“ спроведува „прецизна и насочена операција против Хамас во одредени делови од болницата“.

Израелската армија додаде дека со своите сили има „медицински тимови и арапски говорници, специјално обучени да се подготват за оваа сложена и чувствителна средина, со цел да не им наштети на цивилите“.

Портпаролот на ИДФ, Питер Лернер, изјави за Си-ен-ен дека болницата и комплексот се центар на Хамас за неговите операции, потенцијално дури и неговото „срце“.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Претпладне променливо облачно претпладне, попладне дожд

Следно

Во израелските напади на Појасот Газа животот го загубија 11.320 Палестинци

Latest from Blog