Во израелските напади на Газа се убиени повеќе од 12.000 Палестинци

November 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во израелските напади на Газа од 7. октомври досега се убиени повеќе од 12.000 Палестинци, соопшти вчера владината Канцеларија за медиуми во опколената палестинска енклава, известува Анадолу.

Меѓу жртвите повеќе од 5.000 се деца, а 3.300 се жени, додека 30.000 лица се ранети, соопшти канцеларија за медиуми.

Во соопштението се наведува дека 3.750 луѓе се водат за исчезнати, од кои, 1.800 се деца.

„Израелската окупација изврши 1.270 масакри“, соопшти канцеларијата за медиуми.

Во израелските бомбардирања животот го загубија и 200 медицински лица, 22 припадници на цивилната одбрана и 51 новинар.

„Израелската агресија исфрли од употреба 25 од 52 здравствени центри, додека цел на нападите на израелските сили беа и 55 возила на итната помош“, се вели во соопштението.

Израел спроведува немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во израелските напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и студено со силен ветер, на повисоките места снег

Следно

Околу 830.000 луѓе се засолнија во 154 објекти на ОН во Газа по израелските напади

Latest from Blog

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop