Во Иран јавно погубен маж осуден за повеќекратно убиство

August 19, 2025
1 min read

„Еден од сторителите на бруталното убиство на четири члена на семејство во градот Бејрам, во провинцијата Фарс, беше обесен утрово на јавно место“, соопшти правосудната агенција „Мизан“, без да прецизира каде точно е извршено погубувањето.

Убиствата биле извршени за време на грабеж во октомври 2024 година. Осудениот, заедно со својата сопруга, ја убил мајката и нејзините три деца.

Двајцата беа осудени на смрт во февруари оваа година, а Врховниот суд ја потврди пресудата во април. Според агенцијата, сопругата ќе биде погубена во затвор, но без да се прецизира датум.

Иран е втората земја во светот по број на егзекуции по Кина, според организациите за човекови права. Таму убиство и силување се казнуваат со смрт, а јавните погубувања најчесто се извршуваат пред зора.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонците ја продолжуваат вековната светлина на Преображение кај Ербеле

Следно

Тргување стабилно, но без поддршка од обврзниците

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop