Во Хрватска повеќе нема странски весници: „Ова не постои никаде во Европа“

November 9, 2025
1 min read

Од 1 октомври во Хрватска
повеќе не е можно да се купат странски весници, бидејќи странските издавачи, по
половина век присуство, се повлекоа поради новите услови за дистрибуција,
пренесоа денес хрватските медиуми.

Владата
на Хрватска во април ја прогласи дистрибуцијата на весници за услуга од општ
економски интерес и ја субвенционираше преку јавен тендер, пренесува порталот
Index.hr.

Дистрибутер
стана Хрватската пошта, која се обврза дека ќе ја врши таа услуга во период од
пет години, но странските издавачи не можеа да се вклучат во системот на
субвенционирана дистрибуција бидејќи, според Законот за медиуми, само издавачи
регистрирани во Хрватска можат да бидат впишани во регистарот на издавачки
куќи.

Условот
за странските издавачи кои би сакале да учествуваат во системот на
субвенционирана дистрибуција беше да основаат хрватско трговско друштво, но
бидејќи тоа не го направиле, за нив важат пазарните цени кои, според проценката
на Хрватската пошта, се четири пати повисоки од субвенционираните тарифи.

Директорката
на словенечката компанија DistriEst, која застапува повеќе од 200 странски
издавачи, Маја Ќуриќ, изјави дека странските издавачи заеднички одлучиле да ја
прекинат дистрибуцијата на печатот во Хрватска.

„Условите што ги понуди Хрватската
пошта се покажаа финансиски неодржливи. Наплатата за транспорт по еден примерок
во комисионен систем на продажба не постои никаде во Европа,“ рече Ќуриќ.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен земјотрес го северниот дел на Пацификот, Јапонија издаде предупредување за цунами

Следно

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски во акција: Скопје се чисти – несовесните ќе бидат казнети

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop