Во Хаг започна расправата за наводите на Никарагва дека Германија му помага на Израел во геноцидот

April 8, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Меѓународниот суд на правдата (МСП) денес започна сослушување за случајот на Никарагва против Германија, која го обвинува Берлин за олеснување на „геноцидот“ во Газа со обезбедување политичка и воена поддршка на Израел, јавува Анадолу.

Во воведниот говор амбасадорот на Никарагва, Карлос Хозе Аргуело Гомез, рече дека неговата земја бара од судот да ѝ нареди на Германија да престане да му дава поддршка на Израел за војната во Газа.

„Случајот пред нас вклучува значајни случувања што влијаат врз животот и благосостојбата на стотици илјади луѓе, па дури и уништување на цел еден народ“, рече тој.

„Во Палестина се случуваат сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и други задолжителни норми на меѓународното право, вклучително и геноцид“, нагласи тој.

Амбасадорот истакна дека со обезбедувањето политичка и воена поддршка на Израел, Германија ја прекршува Конвенцијата за геноцид од 1948 година и меѓународното хуманитарно право.

„Никарагва бара од судот да нареди Германија да престане да му дава поддршка на Израел во неговата кампања за уништување на палестинскиот народ“, рече амбасадорот.

Германската Влада останува еден од најсилните поддржувачи на израелската воена офанзива во Газа и покрај зголемениот притисок од јавноста. Канцеларот Олаф Шолц континуирано изјавува дека Германија сноси посебна одговорност за Израел поради нацистичката историја.

Берлин одобри извоз на оружје во Израел во вредност од 326,5 милиони евра во 2023 година, од кои поголем дел беше одобрен по 7 октомври 2023 година, што претставува десеткратно зголемување во споредба со 2022 година.

Израел започна смртоносна воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на почетокот на октомври минатата година од страна на палестинската група Хамас во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади врз Појасот Газа загинати се речиси 33.200 Палестинци, а околу 75.900 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Полиграф“: Кој дезинформираше дека градоначалникот на Арачиново е ранет во вооружениот напад?

Следно

Германија се соочува со тужба за геноцид во Газа пред Меѓународниот суд на правдата

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop