„Полиграф“: Кој дезинформираше дека градоначалникот на Арачиново е ранет во вооружениот напад?

April 8, 2024
1 min read

Веста за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, беше топ – тема во медиумите во земјава и регионот. И за овој случај, на многу портали се проширија неточни информации и дезинформации.

По нападот на 1 април 2024 година, повеќе портали на албански јазик објавија неточни наслови дека градоначалникот на Арачиново бил ранет. „НАЈНОВА ВЕСТ: Ранет градоначалникот на Арачиново, има и жртви“, „Ранет е градоначалникот на Арачиново, има и жртви“, „Ранет е градоначалникот на Арачиново Ридван Ибрахими и неколку други лица“ – се вели во насловите кои беа повторени од многу портали.

Во текстот на порталот Коха.мк, кој го пренесоа многу други портали, се вели: „Досега неидентификувани лица пукале со калашникови кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, а истиот е тешко повреден и моментално се наоѓа во Клиничката болница во Скопје. Извори од терен за весникот КОХА велат дека е усмртен А.А., син на возачот на градоначалникот, додека други две-три лица се ранети“.

Но, веста за ранувањето на градоначалникот на Арачиново е лажна вест, а не се точни ни тврдењата дека при нападот имало загинати лица.

Како што соопшти МВР, „во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник“.

И овој случај покажува дека медиумите мора да бидат многу внимателни, особено кога известуваат за вооружени напади и инциденти. Информирањето во овие случаи треба да се базира на официјални информации, факти и сигурни извори, а не на шпекулации и непотврдени информации, кои ја зголемуваат загриженоста и несигурноста кај граѓаните, а ја намалуваат довербата во медиумите.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Посни мафини, идеален десерт за време на постите

Следно

Во Хаг започна расправата за наводите на Никарагва дека Германија му помага на Израел во геноцидот

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на
Go toTop