Во гранатирање во руски Белгород загинале две жени – властите и антивладината Легија со различни верзии за тоа кој е виновен

June 2, 2023
1 min read

Регионалните власти во Белгород за гранатирањето ги прозиваат украинските сили, а паравоената и антивладина група Легија на слободата на Русија вели дека виновни за двете жртви се руските сили бидејќи го згрешиле автомобилот што го нападнале

Регион Белгород / Фото: EPA-EFE/GOVERNOR OF BELGOROD REGION

Во последните гранатирања во руската погранична област Белгород, убиени се две жени, тврдат руските власти кои за нападите ги обвинуваат украинските сили.

Според тврдењата на гувернерот Вјачеслав Гладков, двете жени загинале кога биле погодени од шрапнели додека се движеле со автомобил во близина на селото Маслова Пристан.

И властите од соседните регионот на Белгород, Брајнск и Курск, тврдат дека во текот на претходната ноќ напади имало и таму при што имало оштетувања на згради.

Инаку, според тврдењата на Гладков, во Белгород само во изминатите 24 часа повредени се и девет лица.

Украина засега не коментира, пишува Би-би-си. Сепак, официјален Киев негираше вмешаност во претходните напади што се случија на руска територија близу границата, а за кои одговорноста ја презедоа руски антивладини паравоени групи.

Слично е и сега. Една од најпознатите вакви групи, Легија на слободата на Русија објави дека учествувала во воени операции кај селото Новаја Таволжанка, кое е во близина на местото каде загинале двете жени.

Од оваа група, во објава на социјалните мрежи денеска наведоа дека имало две цивилни жртви се убиени откако руските сили ги погодиле бидејќи го помешале автомобилот во кој биле жртвите со возилото во кое се наоѓале припадници на нивна Легија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанска католичка црква: Повеќе од 927 малолетници биле сексуално злоставувани во црквата

Следно

Продолжен притворот на таткото на Коста

Latest from Blog

СЕРИОЗНО Е ВО ФРАНЦИЈА! – ПЛАМЕНОФРЛАЧИ НА УЛИЦИТЕ, има повредени

За време на протестот на средношколци во градот Тур во централна Франција, 16-годишно момче претрпело сериозна повреда на окото од гумен куршум, објави градската обвинителка Катрин Сорита-Минар, пренесуваат медиумите. Во соопштението се

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи мораше да биде прекинат – поради тепачка (Видео)

Пријателскиот меч помеѓу македонските и шкотските навивачи, кој традиционално се игра пред секој дуел на Македонија и Шкотска, попладнево беше прекинат. Мечот на стадионот „Алумина“ беше прекинат откако полицијата мораше да интервенира

Божиновска: Во Женева ги претставивме енергетските реформи и растот на обновливите извори

Тим од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја претстави Македонија на Неделата на одржлива енергија на UNECE, која од 28 септември до 1 октомври се одржа во Палатата на нациите

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“

Инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ со стручен труд и учество на панел-дискусија за интеграцијата и значењето на батериските системи во современата енергетика ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција
Go toTop