Во главниот град на Саудиска Арабија започна вонредниот Арапско-исламски самит за Газа

November 11, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, започна вонреден Арапско-исламски самит на кој се разговара за „опасниот развој на случувањата во Појасот Газа и на палестинските територии“, јавува Анадолу

Според државните саудиски медиуми, лидерите и претставниците на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка присуствуваат на самитот којшто е во тек за време на израелското бомбардирање на Појасот Газа кое влезе во 36-тиот ден.

Пред почетокот на Самитот, министрите за надворешни работи на арапските и исламските земји одржаа подготвителен состанок за самитот во Ријад, со цел „консензус во врска со крајната нацрт изјава на Самитот за обединетиот, колективен арапски и исламски став“, јави државната Египетска агенција за Блискиот Исток.

Рано утрово, саудиското Министерство за надворешни работи соопшти дека по консултациите, наместо два самити, денес ќе се одржи заеднички Арапско-исламски самит во врска со случувањата во Појасот Газа.

Беше истакнато дека Газа и палестинските територии се „соочуваат со опасни и невидени случувања кои бараат арапско и исламско единство за нивно сопирање и спречување на реперкусиите“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски е убеден дека по следните избори ДУИ ќе заврши во опозиција

Следно

Мицкоски: Убеден сум дека ДУИ ќе оди во опозиција

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop