Во Газа Израел стигна до кај што можеше

August 16, 2024
1 min read

Процената е дека Израел сериозно му има наштетено на Хамас, меѓутоа никогаш нема да може целосно ја елиминира групата. Американски функционери признаваат дека Израел успеал многу повеќе да му наштети на Хамас отколку што тоа се предвидувало кога почнала војната.

Како постигнувања се наведува тоа што Израел сега може слободно да се движи низ Газа, додека на Хамас му е сериозно наштетено. Израел ги уништува и најважните рути за снабдување на Газа од Египет, а околу 14.000 борци на Хамас или се убиени или се уапсени. Елиминирано е и половина од раководството на Касам бригадите, вклучително и нивните највисоки лидери.

Она што Израел нема да може да го постигне со воени средства, според израелски и американски функционери, е враќањето на околу 115 заложници заробени од Хамас во нападот од 7 октомври.

Процените што ги споделува Њујорк доаѓаат од високи американски функционери кои периодов го крстосуваат Блискиот исток во надеж за постигнување прекин на огнот во Газа и можно избегнување на одмазда од Иран за убиството на политичкиот лидер на Хамас.

Од нив, првиот човек на ЦИА е во Катар, координаторот на Бајден за Блискиот исток ќе патува во Египет и Катар, висок советник на Белата куќа слета во Либан, а министерот за одбрана на САД разговараше со колегата од Израел.

Првиот човек на Пентагон и други високи американски функционери, го споделуваат мислењето на израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, дека целта на Нетанјаху за „тотална победа“ врз Хамас не е остварлива и дека потребно е примирје кое ќе ги врати заложниците.

Контра-аргументот на ова е дека ако Израел сега се повлече од Газа, Хамас за една година повторно ќе биде силен, заради што запирањето на војната сега би било катастрофа. Очекувањата се дека уште 2 до 3 месеца борби со висок интензитет во Газа ќе ја завршат работата.

Еден од поголемите неуспеси на Израел е уништувањето на мрежата тунели на Хамас, која се уште активно се користи од организацијата.

Друга слабост според Американците е дека Израел се уште не покажал дека може да ја обезбеди територијата во Газа што ја освоил, посебно откако неговите сили ќе се повлечат.

За Бајден и неговата администрација, единствен начин на кој Израел може да ги врати заложниците е дипломатија. А за Хамас да се согласи да ги ослободи заложниците, тие ќе мора да имаат поттик за тоа, што според нив е издржана мапа кон добивање на независна палестинска држава.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Девет нови лекови на позитивната листа

Следно

ПОЧИНА СЦЕНАРИСТОТ СИНИША ПАВИЌ, АВТОР НА „ОТПИШАНИТЕ“, „ПОДОБАР ЖИВОТ“ И „ТЕСНА КОЖА“

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop