Во едно италијанско село е забрането жителите серозно да се разболат

January 8, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Според веста што ја објави „Би-би-си“, во селото Белкастро, со популација од 1.200 жители, кое се наоѓа на 45 километри од најблиската болница, од страна на локалното раководство е издаден декрет со кој на жителите на селото им е наредено да избегнуваат болести, пренесува Анадолу.

Во декретот се наведува дека луѓето треба да се држат настрана од болести за кои е потребна итна медицинска помош, а селаните се замолуваат „да не се впуштаат во штетно однесување и да избегнуваат несреќи во домаќинството, да не излегуваат често од дома, да не патуваат или спортуваат и наместо тоа да одмораат поголем дел од времето“.

Градоначалникот Антонио Торчија за локалниот канал изјавил дека оваа уредба е издадена со цел на виделина да излезе несоодветноста на здравствениот систем.

Торчија рекол дека декретот, кој тој го опиша како „хумористична провокација“, привлекол поголемо внимание отколку итните известувања што ги испраќал до локалните власти.

Нагласувајќи дека повеќе од половината од населението во селото е на возраст над 65 години, Торчија рекол и дека е нередовна работата на дежурната лекарска ординација.

Торчија во разговорот истакнал дека „патиштата до болницата претставуваат поголем ризик од која било болест“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утринските температури насекаде над нулата, освен во Берово со -1 степен

Следно

Студентите во Србија кои организираат блокади, ги повикаа граѓаните в недела на протести пред Уставниот суд

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop