Во две спасувачки акции на Шара, спасени 6 лица

February 2, 2025
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека добил информација од фирмата „Ескимо Фрирајд“ дека во сабота бил спасен еден планинар, кој сериозно колабрирал на високите места кај Титов Врв на Шар Планина, а денеска спасиле и извлекле во истиот планински предел загубени, во густа магла, петмина планинари, коишто се искачиле при сончево време, но кога почнале да се спуштаат ги поклопила густа магла при брза метеоролошка промена на времето, па се изгубиле.

Планиранот, кој бил спасен во саботата, како што наведува ЦУК, бил со група од 20 планинари од коишто десет биле и многу уморни, па и тие биле превезени, односно биле вратени долу на безбедно, со ратрак на „Ескимо“. Според информациите, колабрираниот планинар би бил во многу голема опасност ако групата самостојно го извлекувала при студеното време, бидејќи извлекувањето на неподвижниот човек би траело повеќе часови и би имало опасност од хипотрермија.

Во неделата, пак, информира ЦУК, времето од сончево, за многу кратко време, се променило околу Титов Врв и групата од пет планинари била „поклопена“ од густа магла при што се изгубиле, иако биле и членови на планинарски клубови од Скопје и Куманово.

-Според информациите, во својата 20-годишна работа при зимскиот туризам, со неколку возила „ратрак“ (возило со големи и широки „гасеници“ што може да оди по длабок снег и студени зимски услови) фирмата „Ескимо Фрирајд“ несебично интервенира според можностите во планината и за спасување и извлекување планинари, скијачи и посетители на Шар Планина, што според податоците во една сезона во просек спасувала и извлекувала од различни животозагрозувачки ситуации по околу 50-ина луѓе, нагласуваат од ЦУК.

ЦУК посетува и апелира до планинарите и посетителите на планините коишто се искачуваат на повисоките врвови в зима, да одат во групи, при што е пожелно да имаат планинарски водичи или искусни планинари со нив, а и да имаат превентивно минимални средства со нив за итни (кризни) персонални ситуации за нив. При тоа, од основно стратешко превентивно значење е да имаат мобилни телефони, а и други комуникациски уреди, потоа полни батерии за комуникациските уреди, а и дополнителни уреди за чување електрична енергија за дополнување на мобилните телефони, наведуваат од ЦУК.

Апелираат во кризна, односно животозагрозувачка ситуација да побараат брзо локација каде што има сигнал и интернет, за побрзо да се јават на 112 во ЦУК, при што по јавувањето на 112 е пожелно да не ја менуваат многу локацијата, бидејќи во момент на јавувањето се земени координатите за нивната местоположба и да ги чекаат спасителите и да комуницираат по потреба со нив.

-Секако, и секогаш со себе е пожелно да имаат барем малку резерва храна и вода, а и некое дополнително парче топла облека и малу средства за палење оган зиме, односно при влажни услови, додаваат од ЦУК.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Затворски полицаец за 250 евра му овозможил на Јованов мобилен телефон

Следно

Алекс Овечкин на праг да се надмине легендарниот Вејн Грецки

Latest from Blog

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е

ВРЕДИ: ДУИ пред избори зборува за чист воздух, додека 20 години го труеше народот

Коалицијата Вреди остро ја обвини ДУИ дека две децении наназад го разнебитувала системот и ги оставила граѓаните да живеат во корупција и загадување. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните

Ѓорѓиевски: Институциите итно да ги санкционираат предизвикувачите на пожарот

После повеќе од 15 часа борба со огнената стихија во Трубарево, градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, информира дека пожарот е целосно изгаснат, со исклучок на неколку ситни
Go toTop