Во четвртата размена Хамас ослободи уште 3 израелски заробеници во Газа предавајќи им ги на Црвениот крст

February 1, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Во четвртата размена на заробеници меѓу Хамас и Израел, тројца машки заробеници им беа предадени на тимовите на Меѓународниот Црвен крст во Газа, известува Анадолу.

Денес во рамките на четвртата размена на заробеници во Газа, ослободен е и американско-израелскиот двоен државјанин Кит Сигел откако претходно беа ослободени и заробените цивилни Офер Калдерон и Јарден Бибас, и им беа предадени на тимовите на Црвениот крст.

Израелската армија соопшти дека Кит Сигел, кој им беше предаден на екипите на Црвениот крст, е на пат кон израелските сили во Појасот Газа.

Во соопштението дадено еден час претходно од страна на израелската армија, беше објавено дека тимовите на Црвениот крст им ги предале одлободените Офер Калдерон и Јарден Бибас на израелските сили во Газа.

За возврат на ослободените тројца израелски заробеници, денеска ќе бидат ослободени 183 палестински затвореници. Од 183 палестински затвореници за кои станува збор, 18 се лица осудени на доживотен затвор, 54 се осудени на долгорочни затворски казни, а 111 се лица приведени во Појасот Газа по 7 октомври 2023 година.

Хамас соопшти дека 7 лица кои се планира да бидат ослободени, ќе бидат испратени надвор од Палестина.

Во првите три размени на заробеници, Хамас ослободи 10 израелски заробеници, а Израел ослободи 400 палестински затвореници од израелските затвори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР со важно известување за граѓаните: Симулациска вежба на МВР на автопатот Петровец – Скопје кај клучка Кадино

Следно

Јапонец кој патува низ светот со „рикша“ е воодушевен од гостопримството на Турците

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop