Во Бугарија уапсен малолетник за десетици дојави за бомби во школи

April 6, 2023
1 min read

Полициските инспектори сè уште го истражуваат мотивот на осомничениот

Во доцните часови вчера, вработените во Управата за сајбер криминал при бугарската полиција привеле 17-годишен тинејџер од Бургас поради испраќање дојави за бомби до училиштата во Бугарија, објави 24 часа.бг.

Малолетникот користел анонимна услуга за да испрати десетици закани за бомби преку имејл до училишта низ цела Бугарија на 28 март 2023 година и во деновите после тоа.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, полицијата запленила мобилни телефони и компјутери кои наводно биле користени за испраќање на заканите.

Полициските инспектори сè уште го истражуваат мотивот на осомничениот кому му е одреден притвор во траење од 24 часа.

Бугарските школи изминатите денови, исто како што беше случај и во Северна Македонија и во други земји од регионот, беа мета на анонимни дојави за поставени бомби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесплатни совети и поддршка за жртвите на семејно насилство од Ѓорче Петров

Следно

Министерот за одбрана на Украина во посета на Атина

Latest from Blog

Коњановски: Подобри услови за децата со современ систем за греење во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на детската градинка „Росица“, која е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и подрачното училиште „Коле Канински“ во населбата „Буковски ливади“, со

ChatGPT користи „Грокипедија“ како извор

Новиот извештај ја вознемири технолошката заедница со тврдењата дека најнапредниот модел на OpenAI, GPT-5.2, при обработка на одредени чувствителни и контроверзни теми користи „Грокипедија“ како извор на информации. Иако GPT-5.2 е претставен

Кучињата од К-9 единицата со нова обука, верни партнери во откривање траги и обезбедување клучни докази

Во касарната Ѓорче Петров официјално започна втората обука во рамките на Регионалната програма за сертификација на службени кучиња за мириси на производи 2026 година, како дел од проектот „Поддршка на националните власти

Кели Брук: „Докторот ми понуди инјекција за слабеење, но не се откажувам од моите облини“*фото(

Магапопуларната Кели Брук (46) ги покажа своите раскошни облини во бикини додека снимаше нова кампања за костим за капење за еден бренд во Јужна Африка. Водителката и модел, која неодамна ослабе околу седум килограми
Go toTop