Во Берово утрово -14 степени, на Попова Шапка 32 сантиметра снег

February 20, 2025
1 min read

Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра.

До 8:30 часот се измерени и -13 степени на Попова Шапка и во Маврови Анови, -12 во Крушево и Крива Паланка, -10 во Скопје-Петровец, Претор, Прилеп, Штип и Куманово, -9 во Велес, Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Демир Капија, -8 во Струмица, Виница, Претор и Кавадарци, -6 во Охрид, како и -4 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 8 сантиметри во Маврови Анови и еден сантиметар во Крушево.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде од 0 до 9 степени. Во Скопје сончево со слаб северозападен ветер и максималната температура до 7 степени.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Астон Мартин се интересира за Макс Верстапен

Следно

Кој е Саша Касаноф со кого Мицкоски се сретна во Вашингтон?

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop