Во Белгија поднесени над илјада барања за одмрзнување на руски имот

April 10, 2023
1 min read

Од вкупно 1.000 барања за ослободување на замрзнат руски имот поднесени до надлежните белгиски владини служби разгледани се околу 300, потврди денеска шефот на белгискиот државен трезор Александар Де Гист во интервју за весникот „Соар“.

Една од примарните задачи на тимот за спроведување на финансиските санкции на нашата администрација е да ги разгледува барањата за ослободување на имотот. Поднесени се повеќе од илјада барања. Со оглед на ограничените ресурси на осумчлениот тим и огромниот обем досега се обработени само 300 барања, посочи Де Гист.

Барањата се поднесени од физички и правни лица. кои сметаат дека не треба да се применуваат санкции за нив, на пример, клиенти на санкционирани руски банки чии лични средства биле автоматски замрзнати, иако тие самите не се на санкционираната листа.

Барателите за одмрзнување на имотот треба да докажат дека не се под санкции, дека не дејствуваат во интерес на лицата под санкции и дека нема да ги вратат своите пари во Русија. Не ослободуваме средства ако имаме и најмал сомнеж, наведе Де Гист.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Николоски: Со Груби и Ковачевски, Македонија нема да види ни “А” од автопати

Следно

Финалето на македонскиот фудбалски Куп во Струмица

Latest from Blog

Кога страста и заљубеноста ќе поминат, еве кои особини мажите никогаш не ги забораваат кај жените

Машко-женските односи честопати делуваат комплицирано, вистинската поврзаност помеѓу мажите и жените не почива на големи гестови и површински особини. Љубовта што трае не се заснова на минливиот изглед, ниту на тоа колку

Хаос во Белград: Масовна тепачка меѓу српските навивачи (ВИДЕО)

Убедливата победа на Англија од 5-0 над Србија во Белград беше засенета од срамни сцени на трибините, каде што полицијата мораше да интервенира поради масовна тепачка меѓу домашните навивачи. Додека Англичаните доминираа

Поранешниот премиер на Тајланд и најбогатиот црногорски државјанин оди во затвор

Врховниот суд на Тајланд објави дека поранешниот премиер Таксин Шинаватра мора да отслужи едногодишна затворска казна за претходни пресуди за корупција и злоупотреба на службената должност. 72-годишниот Шинаватра, кого црногорските медиуми го
Go toTop