Во Арсенал по елиминацијата од ПСЖ донеле одлука за иднината на Артета

May 8, 2025
1 min read

И покрај елиминацијата од Лигата на шампионите и уште една сезона без трофеј, тренерот на Арсенал, Микел Артета, ќе остане на кормилото на лондонскиот клуб. Ова го потврдуваат британските медиуми, повикувајќи се на одлука донесена од управата на клубот по поразот од Пари Сен Жермен во полуфиналето на ЛШ.

Шпанскиот стратег, кој го презеде Арсенал во 2019 година и го водеше до едно ФА Куп финале во првата сезона, оваа година со „топџиите“ се пласираше и во полуфиналето од Лигата на шампионите. Но, таму „топџиите“ беа поразени двапати од ПСЖ, прво со 1-0 во Лондон, па потоа и со 2-1 во Париз.

И покрај недостигот на трофеи и трошењето над 650 милиони евра за засилувања, раководството на клубот верува дека Артета направил значителен напредок и веруваат дека е исправна одлука тој и понатаму да остане на клупата.

Сепак, како што пишува „Дејли Мејл“, Артета сè повеќе чувствува притисок. Иако неговото место не е под закана во блиска иднина, клубот очекува да се врати на патот на трофеите. Под негово водство, Арсенал повторно стана конкурентен во европскиот и домашниот фудбал, но конечниот чекор, освојувањето на титула сè уште недостасува.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цивилната одбрана во Газа: 75 % од нашите возила се надвор од употреба бидејќи горивото заврши

Следно

Забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција во фокусот на Самит „Македонија2025“ што почнува в понеделник

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop