Во Албанија годинава опожарени 54 илјади хектари земјиште, 207 куќи, од што 40 целосно се изгорени

August 14, 2025
1 min read

Албанија се соочува со една од најтешките сезони на пожари во последните години. Според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) годинава низ целата земја изгореле над 54 илјади хектари земјиште од 93 регистрирани пожари.

“Ова е најголема површина погодена од пожари од 2011 година, кога беа регистрирани само 54.300 хектари во текот на цела година. Најголемите опожарени површини се регистрирани во 2007 година, кога, според EFFIS имало 163 пожари во текот на цела година со 127.000 хектари опожарени површини, објави Топ чанел.

Некои од општините најпогодени од пожари оваа година се Делвина, Финиќ, Грамш и Поличан. Во Грамш беше регистрирана и првата жртва, 80-годишен маж, кој запалил оган во градината по што се прошири во големи размери.

Од масовните пожари што ја зафатија земјата во последните денови оштетени се 207 куќи, а 40 од нив се целосно изгорени.

Според официјалното соопштение на Националната агенција за ветеринарство, инспекциски тим од ветеринари на терен досега евидентирал дека пламените јазици уништиле 747 пчелни сандаци, а живи изгореле и над 100 грла овци и кози, како и 13 грла крупен добиток.

Повеќето од пожарите се намерно подметнати. Низ целата земја се идентификувани 137 сторители, од кои 46 се во притвор, а 91 се кривично гонети.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Елмас пред враќање во Наполи

Следно

Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта

Latest from Blog

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од
Go toTop