Во Албанија 8 од 10 анкетирани граѓани тврдат дека здравствениот систем е корумпиран

June 8, 2025
1 min read

Спроведена анкета во која се опфатени илјада албански граѓани, покажува еден многу загрижувачки феномен во здравствениот сектор во земјата а тоа е корупцијата.

-Податоците покажуваат дека 8 од 10 лица изразуваат верување дека здравствениот систем во Албанија е корумпиран. Процентуално 83 отсто од испитаниците сметаат дека здравствениот систем е корумпиран, се наведува во извештајот.

Алма Лахе, еден од експертите во овој извештај, тврди дека она што ги погодува пациентите и за кое тие покажуваат поголема чувствителност е ситната корупција, која ја чувствуваат директно во своите џебови.

-Извештајот објавен од Здружението „Заедно за живот“ TFL покажува дека корупцијата е широко распространета појава во овој сектор и тоа на сите нивоа, почнувајќи од „ситна“ корупција преку одржување на давателите на услуги кои бараат или прифаќаат неформални плаќања од пациентите за услуги што треба да се обезбедат бесплатно, па сè до „голема“ корупција што вклучува повисоки институции и е поврзана со тендерски постапки за инфраструктура, опрема или услуги, изјавила Лахе за БИРН.

Извештајот на Здружението „Заедно за живот“ покажува дека корупцијата е присутна на сите нивоа на здравствениот систем.

„Универзитетските болници се перципирани како најкорумпирани од 8 од 10 испитаници (81%); регионалните болници како многу корумпирани од 76% од испитаниците, додека општинските болници како многу корумпирани од 60% од мажите и 55% од жените“, стои во извештајот.

Наодите од извештајот на здружението покажуваат дека 70% од пациентите платиле мито за бараната услуга бидејќи им било наложено да разберат дека во спротивно нема да ја добијат таа услуга. Во меѓувреме, 53% од испитаниците велат дека платиле за да добијат подобра услуга, 42% за да го забрзаат добивањето на услугата, а 22% од пациентите биле замолени директно од персоналот да платат.

„Три од четири учесници во анкетата или 75% велат дека платиле мито за да бидат оперирани и да добијат третмани. Ова укажува на значителен притисок врз пациентите да обезбедат соодветен третман во итни или животозагрозувачки случаи. Двајца од 3 испитаници (63%) веруваат дека главната причина за ширењето на корупцијата во здравствениот систем е прифатената култура на поткуп во албанското општество“, се наведува во извештајот.

Според извештајот, недостатокот на контрола и казнување од страна на властите е главниот фактор што ја поттикнува корупцијата во здравството. Граѓаните, исто така, како главни причини ги наведуваат лошото управување и недостатокот на транспарентност, недостатокот на свест и храброст за пријавување корупција, ниските плати на здравствениот персонал и недоволното финансирање на системот од страна на државата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филмот како метод за терапија

Следно

Гневот и револтот на родителите на загинатите во Кочани биле со политичка заднина, тврди Владата

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop