Во Албанија 58 заразени со нилска треска, ИЈЗ бара од општините да спроведат дезинсекција против комарци

August 23, 2024
1 min read

Бројот на заразени од западнонилска треска потврдени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) достигна 58 а во Институтот секојдневно пристигнуваат тестови кои се земаат од лица со симптоми на болеста.

-Од Институтот, каде пред три недели имаше зголемување на случаите на енцефалитис и менингитис, велат дека има намалување на бројот на заболени од овој проблем. Курбин, Фиер и Лушња се области каде има повеќе случаи на заразени со Нилска треска, но на ова подрачје веќе е направена дезинсекција против комарците кои ја пренесуваат болеста Нилска треска од заразени птици на луѓе, објавија албанските медиуми.

Институтот побара од сите општини во државата да извршат дезинсекција на териториите што ги администрираат.

-Од појавата на оваа болест, има пријавено три смртни случаи. Но, во 80% од случаите, оваа болест не покажува знаци, додека само 1% од засегнатите случаи може да покажат сериозни заболувања на нервниот систем како што се менингитис или енцефалитис, останатите покажуваат треска, главоболка, повраќање или симптоми на мускулна слабост слични на оние на грип, наведуваат медиумите.

Додаваат дека дезинсекцијата е процес кој треба да започне во февруари кога комарците се уште се ларви и констатираат дека во „земјата оваа активност никогаш не започнува навреме, бидејќи во најдобар случај тендерите пропаѓаат и како оправдување оваа активност започнува доцна или воопшто не се спроведува“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без вода дел од Црниче

Следно

УЖАС во Србија: Семејство со четири деца загина во пожар во својот дом

Latest from Blog

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop