Во 2023, инвестициите се под 1 милијарди евра

March 18, 2024
1 min read

Македонија не успева да го помине годишниот праг на странски инвестиции од 1 милијарда евра. Според податоците на Народната банка, државата во 2023 година има добиено 616,7 милиони евра во вид на странски инвестиции. Оваа бројка е блиска до странските инвестиции во Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Србија, која не е членка на НАТО, во текот на 2023 година успеа да привлече 4,5 милијарди евра во вид на странски инвестиции. Меѓу соседните земји, кои се дел од Европската Унија или НАТО, кои го надминуваат прагот од 1 милијарда евра годишно се: Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија.
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, рече дека дирекцијата што ги застапува странските компании склучила договори за инвестирање во вредност од 450 милиони евра во 2023 година.

Во текот на минатата недела ТИРЗ како претставник на Владата го раскина и договорот со германската компанија NEXT.E.GO MOBILE SE, за изградба на фабриката за електрични автомобили во Тетово.
Претходно овој проект помпозно го најавија државните функционери кои споменаа отворање на 4.000 нови работни места.

Пропаднати странски инвестиции 

„Фабрика за електрични автомобили E-ГO во Тетово
Хидроцентралата Чебрен од грчката компанија Архиродон
Проект за комплексот езеро Треска во Скопје
Инвестиција од јужнокорејската компанија „Алмак“
Американска компанија „Дура Автомотив Системс“

На почетокот на оваа година беше раскинат договорот со грчката компанија Архиродон, за изградба на хидроцентралата Чебрен, бидејќи беше кажано дека компанијата не обезбедила средства за реализација на проектот, како и ревитализацијата на комплексот езеро Треска во Скопје, преку турски инвеститори. Не се реализираа и ветувањето од 2021 година за инвестиција вредна 30 милиони евра на јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура автомотив системс“ за изградба на објект за производство на лесни профили за автомобилската индустрија каде требаше да се вработат 70 работници со плати од околу 2.000 евра.

Компаниите кои веќе инвестирале се од автомобилската индустрија, земјоделството, енергетиката, производството на храна, телекомуникациите, услугите за информатичка технологија. Според анкетата спорведена во Советот за странски инвестиции, повеќето од анкетираните се изјаснија дека не се подготвени повторно да инвестираат во земјата./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Намирници кои ги уништуваат бубрезите

Следно

Брнабиќ до опозицијата: Вие веќе го признавте независно Косово

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop