Во 10-тата деценија од животот сè уште работи како чистач на чевли

January 5, 2025
1 min read

КИРКЛАРЕЛИ (АА)

– Озгун ТИРАН

Ахмет Метинер, 95-годишен Турчин кој живее во местото Киркларели, во близина на турската метропола Истанбул, сè уште работи како чистач на чевли и покрај неговата старост.

Со оваа работа се занимава 70 години, а сѐ започнало кога од татко му го наследил алатот и опремата благодарение на кои научил правилно да ги чисти и негува чевлите.

Како што изјави за Анадолу, тој почнал да работи како чистач на чевли кога се кога се вратил од отслужувањето на воениот рок и по смртта на татко му.

Извесен период работеше како уличен чистач на чевли, но веќе десет години оваа работа ја извршува во мал и скромен дуќан.

– Тој многу ја сака својата работа

Ахмет, кој има пет деца и четири внуци, вели дека многу си ја сака работата и покрај староста, и додава дека ќе продолжи да се занимава со оваа професија сѐ додека здравјето му го дозволува тоа.

Со тага во гласот тој истакнува дека неговата професија е на работ на изумирање во многу места и градови, додавајќи дека младите не покажуваат желба и интерес за чистењето на чевли.

„Ова е професија што ја наследив од татко ми. Не би сакал да престанам да се занимавам со ова. Мислам дека сум најстариот во ова место”, рече 95-годишниот старец.

– Не сака да седи дома

Повеќе сака да работи во работилницата отколку да седи дома

„Овде се чувствувам подобро, дома веднаш ме боли глава. Ми се допаѓа овде, понекогаш доаѓаат муштерии, седам со пријателите, ги извршувам молитвите. Некои пријатели ме прашуваат зошто сè уште доаѓам тука да работам. Јас само им велам дека не срамота да работам и дека ќе продолжам со работата сѐ додека сум здрав“, рече Метинер.

Чистењето чевли на јавно место некогаш беше вообичаена појава во многу градови и светски метрополи, но оваа традиција речиси исчезна во последните години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади врз Газа се убиени 45.805 Палестинци, од кои 88 во последните 24 часа

Следно

Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop