ВМРО: Со амандмани ја зачувавме минималната плата во формулата за пресметка

February 19, 2026
1 min read

„Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите.

Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада.

Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците.

Друг факт е дека финалната верзија на измените не беше објавена на ЕНЕР, а синдикатите информираа дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието. Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет.

Во тој момент реагираше тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе бројни амандмани со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата.

Токму затоа денес, кога расте минималната плата, растат и другите плати.

Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто Трендафилов не го кажува тоа?

Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка?

ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците.

ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците.

Токму затоа за 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.

Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.

Работниците заслужуваат сигурност а не дневнополитички конструкции од страна на СДС.“

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нешто не е во ред: Трент Александар-Арнолд веќе е разочаран?

Следно

Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање

Latest from Blog

Истрагата на ОН покажува дека акцијата на РСФ во суданскиот град Ел-Фашир има траги на геноцид

На крајот на октомври минатата година, РСФ го зазедоа градот, последното упориште на суданските вооружени сили (САФ) во Дарфур, а во текот на трите дена од нападот, илјадници луѓе беа убиени и

Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги разгледуваат можностите за интензивирање на деловните партнерства и за размена на искуства и експертизи, а денеска, во рамки на Бизнис

100 години „Прилепски Мечкари“ – традицијата ја продолжуваат новите генерации

Прилеп годинава одбележува два значајни јубилеа поврзани со празникот Прочка – 25 години од одржувањето на Меѓународниот карневал Прочка и големиот јубилеј, 100 години од постоењето на здружението „Прилепски Мечкари“. Здружението „Прилепски

Хоџа: Регионалната соработка е клучна за заштита на животната средина

Во рамки на Министерскиот форум за Коридор 8 во Тирана, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се сретна со министерот за животна средина на Република Албанија, Софјан Јаупај. Министерот
Go toTop