Македонско-словачки бизнис форум: Цврста поддршка од двете влади за бизнис соработката, потпишан Меморандум за разбирање

February 19, 2026
1 min read

Владите на Македонија и Словачка стојат цврсто зад соработката на компаниите, ги разгледуваат можностите за интензивирање на деловните партнерства и за размена на искуства и експертизи, а денеска, во рамки на Бизнис форумот во Скопје, потпишаа и Меморандум за разбирање.

Како што беше речено на Форумот, има голем потенцијал што треба да се искористи, а енергетиката, ИКТ, автомобилската инсутрија, здравството и туризмот се само некои од секторите во кои може да се интензивира соработката.

-Веќе имаме одредена трговска размена во автомобилската индустрија и кај одредени хемиски производи, но сметаме дека во енергетиката, ИКТ и во автомобилската инсутрија има нови потенцијали. Сакаме да видиме и кои се извозните капацитети и на едната и на другата страна зашто ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции, туку и на зголемување на извозните потенцијали, посебно кај индустрии со висока додадена вредност, како македонското вино кое силно го промовираме, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Форумот.

Тој информира дека државата подолг период работела на договарање делегација од Словачка да дојде во земјава, заедно со претставници од деловната заедница кои ќе можат да остварат директен контакт со македонските компании и стопански комори.

Според министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, претприемачите се движечка сила на економскиот раст, носители на иновации и мост меѓу државите, луѓе со визија, храброст, и желба за соработка и постигнување резултати.

Како што напомена Каменицки, денешниот Форум е платформа на која се среќаваат идеи, искуства и иновации.

-Ова е сигнал дека сите имаме желба за интензивирање на соработката и засилување на досегашното партнерство. Ги охрабрувам сите учесници да ја искористат платформата за размена на идеи и идна соработка. Верувам дека денесака почнуваме успешна приказна преку заедничка поддршка, помош и соработка, потенцира министерот.

Како потенцијални сфери за соработка тој ги спомна ИКТ индустријата, инфраструктурата, енергетиката, здравството, туризмот и земјоделството. Тука, рече, Словачка може да понуди експертиза, посебно во делот на новите технологии и автоматизираните процеси за производство за остварување поголемата додадена вредност и продуктвиност, како и минимизирање на отпадот.

Сензорни мониторинзи, менаџмент и автоматизација на процесите, се само сегмент од словачката поддршка што може да ја добие Македонија. (МИА)

 

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО: Со амандмани ја зачувавме минималната плата во формулата за пресметка

Следно

Истрагата на ОН покажува дека акцијата на РСФ во суданскиот град Ел-Фашир има траги на геноцид

Latest from Blog

Дешан не им даде слободен ден на Французите пред мечот со Англија

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Селекторот на Франција, Дидие Дешан, одбил да им даде слободен ден на своите играчи пред натпреварот за третото место против Англија, објави „Л’Екип“. Играчите инсистираа на слободен ден за да си

Тешка несреќа во Уганда: Возачот изгубил контрола, автобус полн со деца излетал од патот,голем број загинати

Возилото излетало од патот, удрило во карпа и се превртело. Најмалку 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице загинаа во сообраќајна несреќа со училиштен автобус во источна Уганда, кој се

ВЛЕН: ДУИ со години ја манипулира јавноста – документ од Србија ја открива вистината

ВЛЕН објави соопштение во кое тврди дека официјален документ од Претседателството на Србија ја побива, како што наведува, „пропагандата на ДУИ за српскиот свет“. Од ВЛЕН велат дека ДУИ со денови изнесува,

Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор, силни институции и цврсти партнерства

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото, објави на

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите
Go toTop