ВМРО-ДПМНЕ: Заокружи 9 за Лукровски за Карпош, за изградба на нова детска градинка, 600 нови паркинг места, мега забавен Парк 1020

October 10, 2025
1 min read

Општина Карпош изминатите 4 години целосно уназадува. Наместо реализација на проекти и подобрување на квалитетот на живот, во Карпош владее безредие и хаос, се вели во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа на Карпош и карпошани им треба човек кој има план, визија, стратегија за работа, проекти и мерки за сите граѓани. Човек кој ќе се однесува домаќински со општинските пари и ќе ги решава проблемите на карпошани и ќе ги слуша нивните барања. Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски кој ќе се залага да го врати сјајот и ќе ја направи Карпош зелена, чиста и модерна општина. Во својата програма Лукровски ветува нова рекреативна зона – „Карпош хајкинг делта“, со пешачки и вело-патеки, летниковци и пошумување со 10.000 нови садници. На површина од половина милион квадратни метри ќе се изгради мега-забавен парк 1020, со најсовремен спортски центар, картинг-патека и комплекс за мини голф покрај Лепенец. Тоа ќе биде простор за спорт, адреналин и рекреација, отворен за сите генерации, но и ново обележје што ќе го стави Карпош на мапата на модерните општини. За да се реши сообраќајниот хаос и метеж низ општината ќе се изградат 600 нови паркинг места. Дигитална Општина – нова апликација „МОЈ Карпош“ каде што граѓаните во секое место ќе можат да алармираат за одреден пропуст, а надлежните веднаш ќе излезат на терен. За најмалите ќе се изгради нова детска градинка, а постоечките ќе се прошират. Исто така ќе се обезбедат субвенции за целосна реконструкција на фасадите со што ќе постигне поголема енергетска ефикасност, пониски сметки за греење и ладење и поубава урбана слика за Карпош. Ќе се изградат и два нови затворени училишни базени во Општина Карпош каде што децата ќе можат да пливаат и да се рекреираат. Вие граѓаните одлучувате дали работите ќе се променат на подобро или Карпош ќе продолжи да тоне во ѓубре и смет, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Промените се во вашите раце, затоа ги повикуваме карпошани на 19 октомври да излезат и да гласаат за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, Сотир Лукровски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од владејачката партија.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски од Злетово: Гласот на народот е јасен – време е за промени

Следно

Потврдено од лекар: Како да слабеете без да држите диета?

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop