ВМРО-ДПМНЕ: Вмешани во убиства, бизнис империи – наместо за реформи, Ахмети и Ковачевски нудат министри за крадење

February 12, 2023
1 min read

Вмешани во убиства, бизнис инперии – наместо министри за реформи во државата, Ахмети и Ковачевски нудат министри за крадење и криминал. Додека граѓаните секој ден не знаат како да го преживеат денот, додека луѓе умираат заради неспособноста на власта да набиви лекови, додека цените вртоглаво растат, Ковачевски, Ахмети и Таравари конечно ја скрпија владата која нема ништо подобро да донесе за граѓаните и државата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека оваа влада е со една и единствена цел, уште некој месец да се доопљчкаат граѓаните и државата, да се намести уште некој тендер и да се ужива во благодететите на министерските и директорските фотељи.

-Па така правдата во државата ќе ја донесат Кренар Лога, кој е брат на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку, како и Викторија Мадиќ, за која има покренато постапки за сомнителни тендери во Град Скопје, додека беше на функција секретар на градот.

Во рекострукцијата на најнеспособната влада предводена од Ковачевски, има и заменик министер сособен за секој ресор. Па така откако беше сменет од заменик министер во МВР, Нухиу стана заменик министер во правда, за сега истиот бидејќи е „најспособен“ заменик министер ќе биде втор човек во министерството за образование.

Кадрите на ДУИ редејќи успеси во образовниот процес, оставајќи ги учениците без учебници, со каснење на учебната година, ученици немаат елементари услови за да посетуваат настава, сега се засилени уште со еден кадар токму од ДУИ.

Толку од зеленеата агенда на ДУИ. Пазар 3 коалицијата реши дека ДУИ „ги постигна“ успесите во зелената агенда, и сега ова министерство го враќа кај неспособните од СДС.

Оваа е крпена коалиција, и влада која единствено ќе го подобри системот за крадење на граѓаните и без целосен легитимитет од граѓаните.

За излез од оваа агонија, потребни се веднаш предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Отпуштени над 2.000 повредени во земјотресот кои биле донесени во болниците во Истанбул

Следно

Седуммесечно бебе е спасено од урнатините 140 часа по земјотресот во Туркије

Latest from Blog

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев
Go toTop