ВМРО-ДПМНЕ: УЈП и Лукаревска нека не кажуваат „гачки“- како дозволиле скоро отворена компанија да побарува 11 милиони евра поврат на ДДВ

January 21, 2024
1 min read

УЈП и Лукаревска пред недела дена ја убедуваа јавноста дека воделе некаква истрага за даночна злоупотреба и ја завршиле. Сега излезе на виделина нов, уште поголем скандал со поврат на ДДВ. Ова е добро разработена шема на извлекување на пари по однос на поврат на данок на додадена вредност кои што се бројат во милионски суми евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Струмичка компанија АКТИКО регистрирана во 2022 година за трговија со текстил на големо, по само три месеци има побарување до УЈП за поврат на ДДВ од 10,5 милиони евра, за увоз на стока од 50 милиони евра. Внимавајте тазе отворена фирма прави увоз на стока од 50 милиони евра! Истата компанија после се продава на косовски државјанин Егзон Бериша. Ваква екстра компанија која наплатува грдни милиони евра, после тоа кон државата плаќа едвај неколку илјади евра данок.

УЈП не може да го најде новиот сопственик Егзон Бериша од Косово, ниту пак неговата документација. Според податоците што ги има, УЈП го бара преку МВР. А одговорот е следен: Егзон Бериша не постои, има друго лице со тој број на пасош, а тој во Македонија таа година воопшто не влегол. Фиктивниот Бериша останува да должи милиони евра данок и тоа УЈП не може да го наплати, затоа што навреме не си ја сработиле работата и не ги провериле нелогичностите кои се појавиле со оваа компанија. Или пак, не сакале навреме да ги направат. Кој се имал корист од оваа злоупотреба? Дали високи владини функционери стојат зад овој струмичко косовски алашвериш. Лукаревска и УЈП ништо не одговараат, туку кажуваат повторно „гачки“.

Како по правило кога се открива некој голем криминал, како што е овој тие прво молчат, после пробуваат да се вадат на наводни лажни вести, па после обвинуваат дека некој ја загрозува истрагата. Реалноста е дека се прави огромен криминал, кој не е можен без знаење и дозвола од високи владини функционери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарскиот премиер призна: Можеби нема да влеземе во еврозоната ниту на 1 јануари 2025.

Следно

Обвинителството со детали за сообраќајната несреќа кај Табановце во која загина една жена

Latest from Blog

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop