ВМРО-ДПМНЕ: Тетово не заборава, времето на лицемерие и неказнети трагедии заврши

October 11, 2025
1 min read

Венко Филипче, човекот чиј мандат како министер ќе остане запаметен по трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 наши сограѓани, денес држи политички митинзи токму во истиот град, без да спомне ниту збор за одговорност, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е навреда за семејствата на жртвите, за целиот град и за секој граѓанин што очекуваше правда. Наместо извинување, добија митинг и партиски пароли. Ова е истиот човек што беше дел од системот кој ја остави државата без функционално здравство, кој дозволи луѓе да изгорат во болнички објект, направен со материјали што не ги исполнуваа ниту основните безбедносни стандарди. Наместо да сноси морална и политичка одговорност, денес зборува за „вистинската страна на историјата“. Да, Македонија е на вистинската страна на историјата, но токму затоа не смее да дозволи повеќе никогаш да се повтори времето на криминал, партизација и човечка трагедија под покровителство на СДСМ. Посебно е лицемерно што Филипче во Тетово, град на различности, повторно го враќа комунистичкиот речник и идеологијата на еднопартиска држава, идеологија која по својата суштина е тоталитарна и спротивна на демократијата. Тој повикува на „вредностите на Комунистичката партија“, заборавајќи дека тие вредности во Македонија оставија зад себе едноумие, прогон, забрани и поделби. СДСМ, која за 7 години власт ја претвори државата во хаос, со пад на индустриското производство, преполовени странски инвестиции, инфлација која ја јаде секоја плата и ветувања што никогаш не стануваат реалност, нема морално право да зборува за подобра иднина. Пензионерите ги излажаа, младите ги натераа да заминат, а здравството, образованието и правосудството ги оставија во руини, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Тетово, но и на цела Македонија, добро знаат кој беше на вистинската страна на историјата: тоа се оние што се бореа за независна држава, за плурализам и слобода, а не оние што денес носталгично се повикуваат на еднопартиско минато, додаваат од владејачката партија.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Монтгомери: Ситуацијата на Балканот станува потенцијално насилна

Следно

Месечината е најважната планета во хороскопот! Еве како таа влијае на вашата судбина

Latest from Blog

Општина Битола: Завршува реконструкцијата на улиците во Братиндол

Откако во март годинава Општина Битола ја започна реконструкцијата на улици во селото Братиндол, денеска механизацијата ги асфалтира. Станува збор за проект кој општината го доби од вториот повик на владата преку

Коњановски: Битола се поклони пред жртвата на своите херои

Во чест на бранителите на татковината, денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот во кругот на СВР Битола, како и пред споменикот „Ангел“ кај Саат кулата во Битола. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот

Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Универзална Инвестициона Банка Скопје (UNI) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,26% на 9.977,84 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 28.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.977,84 поени и забележа пад од 0,26%, односно 26,00 поени,

Проданоски: Едукацијата на децата е клучна за побезбеден сообраќај

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на едукативен настан во Дом на културата „Марко Цепенков“, посветен на најмладите и нивната безбедност во сообраќајот. Настанот се одржа во рамки на кампањата „Да
Go toTop