ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски, наместо да замајува јавност, нека каже за колку го продава Карпош

December 20, 2023
1 min read

Стевчо Јакимовски ја призна својата неспособност со тоа што е единствен градоначалник во светот кој бара да му се одземат ингеренциите за да му помине криминална зделка, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изнесените ставови на градоначалникот на општина Карпопш на фејсбук.

Стевчо Јакимовски, како што велат од партијата на Мицкоски, е единствениот градоначалник во светот кој за ќар на инвеститор е спремен да ја упропасти сопствената општина.

„Јакимовски јасно да каже дали од Ковачевски барал одземање на ингеренциите за да може без одлука на Совет, со одлука на Влада да се направи бетонизацијата од 600 милиони евра?

СДС и Ковачевски слабо го подготвиле Јакимовски, кој не се откажува од криминалниот план, па наместо конкретни одговори навредува и клевети. Наместо да замајува јавност, нека каже за колку го продава Карпош“, се истакнува во нивното соопштение. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Aлијанса не исклучува коалиција со ДУИ

Следно

Челникот на Хамас, Ханије, пристигна во Египет на разговори за израелската офанзива во Газа

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop