ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот

December 28, 2024
1 min read

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавата на портпаролката на СДСМ, Каја Шукова.

Тие велат дека седум години СДСМ не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот.

„Нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни.

СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб.

За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот.

Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес“, велат од партијата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скулпторката Анета Стојчевска го претстави својот „Времеплов“ во Градскиот музеј во Крива Паланка

Следно

Маневски: Инвестирањето во инфраструктурата е столб на општина Зелениково

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop