ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

October 12, 2025
1 min read

СДС и Венко Филипче веќе неколку дена молчат за Бранко Тричковски, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Тие, коишто за се и сешто експресно се јавуваат со реакција, ги нема збор да кажат за повиците на омраза и ликвидација на човекот кој важи за нивен гласноговорник. Нивниот молк не може поинаку да се толкува. Со тоа што Филипче не се оградува и не се дистанцира од говорот на омраза и морбидниот повик за ликвидација на Тричковски за претседателот Христијан Мицкоски, се става на негова страна. Венко Филипче може барем да истапи од партиската матрица и да покаже конструктивен пристап, со тоа што барем, ќе се извинеше за таквиот морбиден говор кој не може да се смета ниту за слобода на говор, ниту пак за некаква метафора. Но, наместо тоа, Филипче избра да остане во црнилото и менталната матрица на СДС, па да продолжи да јава на бранот на омразата која ја создава неговата партија преку нејзините бројни перјаници, како Бранко Тричковски. Ова е дел од смисленото сценарио и црната кампања која ја водат уште од првиот ден на почетокот на изборната кампања. На социјалните мрежи, Тричковски отворено повикува на убиство и парчосување на претседателот Мицкоски, за што добива публицитет од структури блиски до СДС и со тоа креираат паралелен наратив на партискиот. И да сакаме да мислиме дека изливот на Тричковски е инцидентен случај, не можеме, зошто СДС и Филипче со нивниот молк, ни даваат право да сметаме дека тие се мотиватори на говорот на омраза. Со неосудување на Бранко Тричковски, Венко Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС. Оваа изборна кампања ја извади на виделина целата безидејност на СДС и Филипче, кои немаат никаква програма, проекти или визија за подобро утре на граѓаните, па затоа нивните апологети шират говор на омраза и јавно повикуваат на убиства. Но, народот тоа го гледа и за една недела од сега, на изборите во недела, ќе им стигне вистинската и жестока казна, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со гласање за ВМРО-ДПМНЕ и број 9 македонските граѓани ќе го направат вистинскиот избор и ќе го изберат вистинскиот човек, за твоето место и твојата иднина, додаваат од владејачката партија.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рекорден интерес за батериски системи и обновливи извори на енергија во Македонија

Следно

Анкета на Portalb.mk: ВЛЕН води убедливо во Арачиново

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop