ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Венко и Пеце Мирчевски во заштита на приватни бизниси, се утепаа од лажење да заштитат профит на блиска фирма за обезбедување која заработувала пола милион евра екстра годишно

January 23, 2025
1 min read

СДС во лажењето нема мера до каде може да оди, секогаш е способна да се надмине себе си и да ги пробие сите до стигнати нивоа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Последниот пример е од деновиве, во кој СДС и Венко Филипче се фатени живи како штитат приватни бизнис интереси. За да го заштитат милионскиот профит на нив блиска фирма за обезбедување, се утепаа од лажење веќе неколку дена.

Па така, почнаа да бараат криминал, таму каде што нема. Со новиот тригодишен договор на СОЗР за обезбедување на објекти на државната управа, државата има заштеда од пола милион евра годишно.

Јавната набавка за избор на фирма која ќе ги обезбедува објектите е направена на транспарентен начин на кој учествуваа четири компании, а главен услов беше најниска цена.

Транспарентниот начин на јавната набавка внесе конкуренција во наддавањето и тоа придонесе, за истата работа од претходно, сега да се постигне пониска цена за половина милион евра и исто толку пари на граѓаните да се заштедат во државниот буџет“, потенцираат во соопштението.

-Претходно, државата со СДС, Филипче и екс директорот на СОЗР и бизнис пајташ на Ковачевски, Пеце Мирчевски значи губела по основа фирма за обезбедување по пола милион евра годишно, што за 6 години се фантастични 3 милиони евра, додаваат од партијата.

Сега СДС штитат приватни бизнис интереси од 3 милиони евра. Целото лажење на СДС и Венко Филипче е токму поради ова, да го заштитат профитот на нивната блиска фирма која од овој тендер заработувала пола милион евра екстра годишно, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Замина Коле Манев, сликарот на болката на егејскиот егзодус

Следно

Ретка снежна бура предизвика над 10 смртни случаи на американскиот Заливски брег

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop