ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, го рехабилитираме системот и владеењето на правото

December 31, 2024
1 min read

СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека изминатиов период на виделина излегоа неколку криминални случаи, од кои јасно се гледа како СДС и ДУИ ја ограбувале државата.

-Од милионскиот криминал на Артан Груби во Лотарија, преку милионските тендери на Васко Ковачевски во РЕК Битола, до криминалните договори на Јован Деспотовски во ТИРЗ, милиони се испумпани од државата. СДС и ДУИ на државните претпријатија гледале како на колач за делење. И додека СДС и ДУИ правеле финансиски криминал во институциите, оставиле на улиците да дивеат банди, кои сега веќе се зад решетки. Презафатеноста со милионските тендери на СДС и ДУИ, наместо со спроведување на законот, допринело криминалци да се пукаат по улици, сето ова сега е минато, се наведува во соопштението на партијата.

Додаваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за краток период успеала да покрене постапки за одговорност на голем број криминали, а владеењето на правото функционира.

Продолжува борбата со криминалот и корупцијата. Одговорност за секој кој сторил криминал ќе има.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ким во писмо до Путин вети дополнително зајакнување на врските со Русија

Следно

Водата да биде прв избор, советуваат од ИЈЗ за претстојните празници

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop