ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот на ССМ Трендафилов, очајнички отслужува на СДС, ДУИ и Левица

March 9, 2025
1 min read

Трендафилов ниту го интересира минималната плата, ниту подобрувањето на животниот стандард, а најмалку пак работниците. Голиот популизам и лошите економски политики кои Трендафилов ги шири, се директно по нарачка од Бихачка, односно коалицијата на СДС, ДУИ и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Барањата на ССМ се нестварни, но тоа не нѐ чуди, бидејќи што може да се очекува од партискиот синдикат на СДС. Трендафилов не го интересира животот на работниците, ниту пак сака реално да помогне во изнаоѓање на решенија и подобрување на животот на работниците, туку го интересира тоа каде ќе оди на одмор следниот продолжен викенд со големата плата којашто ја заработува врз грбот на граѓаните. Го повикуваме јавно да каже, портпаролот на СДС и претседател на ССМ, колкава е неговата плата и ако е над просечната, како тој знае што им треба на работниците кои земаат помали плати од него, кога не бил во нивните кондури, посочуваат од владејачката партија.

„Трендафилов итно да престане да биде слуга на СДС, ДУИ и Левица и да почне да се однесува како што му наликува на еден синдикалец, а ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива економијата и да ја зголемува платата“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наутро -5, преку ден преку 20 степени

Следно

Иран негира дека добил писмо од Трамп за нуклеарните преговори

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop