ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба долгорочна стратегија за раст и развој

October 25, 2024
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ преточена во владино раководство на чело со претседателот Христијан Мицкоски, покажува вистинско лидерство и визија во водењето на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија има насушна потреба од нова визија, стратегија, долгорочен план за вистински развој во чие креирање ќе бидат вклучени најголемите македонски умови.

Токму тоа е и целта на последниот проект кој што го понуди претседателот Мицкоски повикувајќи на општо обединување.

Повикот за обединување и креирање на стратегија за државата 2025 е конкретен проект, кој на едно место ќе ги собере македонските академци и интелектуалци. Идејата и визијата на претседателот Мицкоски е покрај општо народно обединубање, членовите на МАНУ и универзитетската заедница, сите професионалци во својата област да ги опфати приоритетите за развој на државата, демографските предизвици, економските цели како и начинот на нивно остварување.

Покрај тоа, стратегијата треба да го опфати и земјоделскиот и технолошки развој, енергетскиот и транспортен развој, подобрувањето на животната средина, образованието, како и да овозможи здравство во тек со светските достигнувања.

Токму ова е потребно за државата за да го фати текот со новото време, каде што научните, технолошките и економски процеси забрзано се развиваат.

И за сето ова да се испланира, спроведе и реализира потребно е внатрешно обединување. Заради тоа, ги повикуваме СДС да се надминат себеси и барем еднаш во нивното партиско делување, државните интереси да ги стават над партиските.

СДС треба да престане од ракав само се и сешто да одбива, туку за се што е во интерес на државата, како што е случајот со стратегијата за државата 2025, да ја поддржи. Тоа им го должиме, како генерација на одговорни политичари, на генерациите што следат после нас“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Георгиева: Потребни се реформи на економиите на секоја земја

Следно

Димитриеска-Кочоска: Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење

Latest from Blog

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува

Коњановски: Широк сокак ќе добие европски изглед

На денешната седница на Советот на Општина Битола свое обраќање имаше градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Во продолжение интегрално го објавуваме неговиот говор. „Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација
Go toTop