Димитриеска-Кочоска: Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење

October 25, 2024
2 mins read

Подобрување и одржување на макроекономската стабилност, поддршка на економската активност и забрзување на економскиот раст се главни цели на фискалната политика која ќе ја води новата Влада. Процесот на стабилизирање веќе е започнат со усвоениот Ребаланс на Буџетот за 2024 година и ќе продолжи со дисциплинирано буџетско трошење, постепена фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со истовремено згоелмена ефикасност во наплатата на приходите. Ова беше констатирано на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со Жероен Клик, којшто ќе ја преземе функцијата извршен директор на ММФ и Марникс ван Рај, којштo треба да ја преземе функцијата алтернативен извршен директор.

„По преземање на власта во текот на јули подготвивме ребаланс на Буџетот за 2024 година со цел да обзбедиме стабилизирање на јавните финансии и отплата на обврските кои беа пропишани со закони и доспеаните обврски. Фискалната консолидација е процес кој е веќе се практикува и во Ребалансот преку кратење на непродуктивните трошења. Тој процес со дисциплинирано буџетско трошење ќе продолжи и во наредниот период што ќе се одрази на намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг. Од друга страна ќе се подобрува приходната страна на буџетот со зголемување на ефикасноста во наплатата особено во делот на неформалната економија“, рече министерката за финансии.

Таа посочи дека на ваков начин постепено ќе се постигнат фискалните правила за нивото на буџетскиот дефицит до 3% од БДП и јавен долг до 60% од БДП. „Усвоена е Фискалната стратегија и исцртана е траекторијата по која ќе се движи буџетскиот дефицит, како и Стратегијата за управување со јавен долг со кој, исто така, се обезбедува остварување на напорите на Министерството за финансии за прудентно управување со јавниот долг и достигнување ниво под 60% до 2029 година. Во тие рамки веќе во завршна фаза е буџетот за 2025 година со кој се очекува намалување на буџетскиот дефицит во споредба со ребалансот од оваа година и ќе биде на ниво не повеќе од 4% од БДП“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа напомена дека покрај фискалната консолидација силен фокус е ставен од страна на Владата и на заживување на економијата и дека во таа насока ќе се имплементира сосема нов концепт кој се заснова на инвестиции. Тоа ќе биде поддржано преку инвестиции во инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии што ќе значи одржување високо ниво на капитални расходи и зајакнување на транспарентноста и отчетноста. Дополнително, како што рече, економската активност ќе се поддржи и преку реализација на еден нов инвестициски циклус од над 500 милиони евра од страна на приватниот сектор.

Исто така, посочи важна улога ќе има и даночната реформа којашто се заснова на зајакнување на наплатата на приходите пред се преку намалување на неформалната економија, што покрај поголема ефикасност во прибирање на приходите, ќе создаде и рамноправни услови за работа на компаниите и нивна поголема конкурентност.

На средбата беше истакнато дека во рализација на планираните реформи значајна улога ќе одигра примената на новиот Закон за буџети, подзаконските акти на кои се работи во моменот, а кои се со цел имплементација на најдобри практики во планирањето и извршувањето на буџетот. Исто така, се очекува позитивно влијание и од дигитализација на процесите.

Реформите коишто се планирани ќе добијат поддршка и од најавениот План за раст на Западен Балкан на ЕУ за што до крајот на годината се очекува првата транша во износ од 7% од вкупната сума која е околу 750 милиони евра. Во изминатиот период исто така беа преземени одредени реформски активности кои беа имплементирани во согласно со Линијата за ликвидност и петпазливост на ММФ – ПЛЛ, а кои беа во насока на одржување здрави макроекономски политики.

Во Вашингтон министерката Димитриеска-Кочоска, заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска ќе оствари средби и со високи претставници на Светска банка. Инаку министерката и гувернерката во Вашингтон учествуваат на редовните Годишни средби на ММФ и СБ кои се одржуваат од 21 до 26 октомври 2024 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба долгорочна стратегија за раст и развој

Следно

Маск во редовен контакт со рускиот претседател Путин од 2022 година

Latest from Blog

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,
Go toTop