ВМРО-ДПМНЕ: На Деановски од УПОЗ и Трендафилов од ССМ, не им е грижа за работниците, туку за милионските суми кои ги земаат од граѓаните 

March 30, 2025
1 min read

Лажната заложба за неоснованите барања за минимална плата на Трпе Деановски и Слободан Трендафилов е веќе прочитана, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Трендафилов кој на големо одработува за СДС, си се координира и со синдикалците на батерии, кои се насадени од СДС на тие позиции, за да извршуваат партиски насоки и агенди.  

Доказ за тоа дека се лажни синдикалци и воопшто не им е грижа за работниците е тоа што според информациите кои ги имаме, Трпе Деановски од УПОЗ, зема 4 пати поголема плата од минималната плата, односно 104.000 денари.

Истиот тој Трпе Деановски, ги лаже работниците во очи, додека тој се луксузира на нивен трошок, а притоа за 2024 година и првите 2 месеца од 2025 година, тој има добиено 1.800.000 денари плата и додатоци.

Додека ги лаже работниците за минималната плата и дека се бори за нив, тој има земено за само една година, 69 минимални плати, односно околу 30 илјади евра.

Синдикалецот на батерии, Деановски за една година земал пари колку што работниците кои демек  тој ги застапува, не можат да земат ниту за 6 години.

Трпе Деановски работи по насока на Слободан Трендафилов, кој  работи по насока на СДС. Тие се веќе прочитана приказна и нивното лицемерие не поминува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Монографија за 80 годинишниот растеж на Народниот театар во Битола

Следно

Бајрамската утринска молитва ја извршија 120.000 луѓе во Месџид ал Акса

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop