ВМРО-ДПМНЕ: Лошите политики на Владата ќе не остават со висока инфлација и без работна сила

March 1, 2023
1 min read

Владата во капитулација на економски и национален план се фали дека растот на НОМИНАЛНА просечна нето – плата по вработен над прагот од 30.000 денари е резултат на „нејзините добри економски политики“. Која е вистината?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат три причини за раст на НОМИНАЛНАТА просечна нето – плата по вработен,  но ниту една од нив не се однесува на „успешните политики на Владата“, туку напротив на ЛОШИТЕ економски и севкупни политики на оваа Влада.

Првата причина за растот на платите е иселувањето кое е масовно. Намалувањето на работоспособната популација (според пописот и според редовните податоци од Државниот завод за статистика) е заради иселување од државата и ниска стапка на наталитет, што создава притисок врз платите. Фирмите се жалат дека не можат да најдат вработени, а тие кои се нафаќаат да работат бараат повисоки плати. Економска логика малку за Владата – намалена понуда на работна сила, при постојана побарувачка создава притисок врз цената на трудот, а тоа се платите! И каде е тука „успешноста“ на политиките на оваа Влада? Луѓето се иселуваат заради корупцијата, криминалите, непотизмот, нефункционирањето на правото, загадената животна средина, неказнивоста на високите криминали и националното предавство со кое се поткопуваат темелите на државата. Луѓето не создаваат поколенија, ниту со една економска и социјална мерка Владата не ги мотивира за истото.

Втората причина е несразмерното зголемување на минималната плата согласно растот на продуктивноста на фирмите со што се зголемуваат трошоците на фирмите, кои на крајот се пренесуваат врз финалните малопродажни цени. Инфлацијата вака никогаш нема да ја зауздаме. Минималната плата треба да расте, но темпото и висината на растот треба да бидат паралелно со продуктивноста. Вака влегуваме во спиралата плати-цени-плати.

Третата причинасе разгорените инфлациски очекувања. Неуспехот на Владата и НБРМ да ја заузда инфлацијата ги разгоре инфлациските очекувања, односно направи притисок врз вработените да бараат повисоки плати. Повисоки плати, повисоки трошоци за фирмите, повисоки финални цени. Спирала плати-цени-плати. Поскапувањето на кредитите, заради раст на каматните стапки, нема да ја совлада инфлацијата во услови кога оваа Влада нерационално се однесува и експанзивно троши“, велат од партијата.

Од партијата додаваат дека и на крај. Никој писмен не гледа номинални големини во услови на висок скок на трошоците на живот. Од мај 2017 година, кога оваа Влада дојде на власт, до декември 2022 година трошоците за живот се зголемиле за 29,8%, додека НОМИНАЛНАТА просечна нето – плата по вработен се зголемила за 50,1%, што значи дека РЕАЛНАТА просечна нето- плата по вработен се зголемила за само 15,6% (за време на ВМРО-ДПМНЕ растот беше двојно повисок т.е 34,2%). И на крај, растот на платите е највисок во дејности кои ги движи пазарот на трудот (ИТК секторот, трговија, услуги), додека има дејности каде растот на реалната плата за овој период е негативен. Каде се тука „успешните политики на Владата“?.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Десетици ученички во Иран примени во болница поради труење

Следно

Аврамовска: Нашето денешно читање е одредено од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop