ВМРО-ДПМНЕ: Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, ние сме подготвени за реформи доколку има отчетност и план

November 27, 2024
1 min read

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс.

„Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност?“

Наместо да излезе пред советниците со план за набавка на нови автобуси, таа повторно магично исчезна.

Каде се парите од Град Скопје? Каде се ветените решенија? Одговорите остануваат зад затворени врати каде што се носат одлуките.

Арсовска ако воопшто има некаква грижа на совест за граѓаните, треба конечно да покаже вистинска отчетност. Доколку таа е подготвена на тоа, тогаш советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје се подготвени да го поддржат предлогот за нови автобуси.

Во спротивно ова апокалиптично сценарио на коешто скопјани се принудени да се адаптираат секојдневно, ќе продолжи. Пешачење со километри, доцнење на работа стана секојдневие затоа што неспособноста на Арсовска го сведе јавниот превоз да стане мисловна именка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Академик Попов: Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија

Следно

Исплатени 139.965.962 денари, финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица

Latest from Blog

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои

Андрулакис: Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за Грција

Политичката промена за Грција поминува преку пораз на денешната Влада, преку пораз на Нова демократија. Победа на ПАСОК и пораз на Нова демократија значи промена за земјата, нагласи лидерот на грчката опозициска

Селта се спаси од пораз на домашен терен

Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.

На 46-години почина легендарниот боксер Рики Хатон

Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот

Мицкоски ја посети „Дрисла“: Ситуацијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. – Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите,
Go toTop