ВМРО-ДПМНЕ: Колку помалку „Вилми“ има, толку подобро за правдата

November 23, 2023
1 min read

реклама


ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција по разрешување на Вилма Русковска.

„Правдата е некогаш спора, но секогаш пристигнува. Без оглед на околностите кои денес доведоа до тоа крајот на кариерата на Вилма Русковска да биде преку разрешување од функцијата обвинител, колку помалку “вилми” има, толку подобро за правдата, довербата во судството и граѓаните.

реклама

Во ситуација кога корупцијата е толку голема и несанкционирана, тешко е да се посочи правичен и меродавен орган кој објективно ќе оценува правосудни чинители. Сосема е можно ова да е резултат на “мафијашка пресметка” во правосудството, но како факт останува дека Русковска доби заслужена максимална деградација од Советот на јавни обвинители.

Како обвинител за кој многупати реагиравме дека е инструмент на власта во прогонот кон неистомислениците и патриотите, Вилма Русковска допрва ќе има прилики да зборува и да ги признае сите злодела кои ги извршила како и тоа по чија наредба.

реклама

Ова е само мала правдина за неправедно осудените, вистинската ќе дојде со нивната слобода и кривичната одговорност за Русковска и нејзините соучесници.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е само мала правдина за неправедно осудените, вистинската ќе дојде со кривичната одговорност за Русковска

Следно

Русковска ќе остане запаметена по изјавата „Јас мечка да обвинам, судот мечка ќе осуди“

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop