ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за техничката влада

January 24, 2024
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди петте кадровски решенија кои ќе бидат дел од техничката влада чиј мандат ќе трае до спроведувањето на парламентарните избори.

На чело со Министерството за внатрешни работи ќе биде адвокатот Панче Тошковски.

Тошковски има долгогодишно работно искуство во државните институции. Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на Република Македонија, а членувал во неколку комисии и работни тела. Во моментов, Панче Тошковски е претседател на републичката правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

Елена Петрова ќе биде дополнителна заменик министерка за финансии. Таа е дипломиран економист со над 25-годишно работно искуство во Управата за јавни приходи.

Поранешниот ген-сек на Град Скопје, Ѓоко Велковски е предлог за министер за труд и социјална политика.

Велковски долги години работел во Министерството за труд и социјална политика како раководител на одделение за внатрешна ревизија, соработник во Секторот за финансиски прашања, бил и посебен советник во кабинетот на дополнителниот заменик за прашања поврзани со хумана популациона политика во 2016 година, како и кабинетски службеник во областа на трудовото право и правата од законот за работни односи во МТСП во 2020 година за тогашната техничка влада, а претходно работно искуство има и како локален економски консултант во Институтот за белодробни заболувања туберкулоза – Државна болница Скопје, бил внатрешен ревизор – соработник во Град Скопје, секретар на Град Скопје од 2021 година до 2023 година.

Очекувано, Цветан Трипуновски ќе биде дополнителен заменик министер за земјоделство. Тој беше дел и од претходната техничка влада, и ја имаше истата функција.

До сега има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015та до 2017та година ја извршувал и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006та до 2008та година беше прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Заменичката позиција во Министерството за информатичко општество и администрација ќе ја презеде Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Град Скопје.

Андоновски е докторанд на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и магистер по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД. Пред политичкиот ангажман, пет години работи во бизнис секторот во Македонија и е консултант на меѓународни донаторски проекти во областа на дигиталниот маркетинг, комуникации и медиуми. Има напишано трудови и колумни во домашни и меѓународни списанија, фокусирајќи се на меѓународна медијација и преговори, како и на уставни реформи во постконфликтни системи.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Израел изврши воздушни и копнени напади во централниот и јужниот дел на Газа

Следно

ФОТО: Една идентична близначка користела ботокс 20 години, а другата не – Еве ги нивните резултати

Latest from Blog

„Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години, само треба да се храните вака“: Тврди познатиот доктор

Човечкото тело е создадено да трае најмалку 140 години – тврди еден од лекарите со најдолг животен век. Овој необичен настан се случил кога Фјодор Ковал имал 96 години. „74-годишен пациент дојде

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Минатонеделната колумна „Амар си удри шамар“ повторно на нож ја дочекаа читачите на наслови, кои од друга литература, читаат само упатство за користење влажни марамчиња, ако го заборавиле мобилниот таму каде што

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop