ВМРО-ДПМНЕ: Дали ова е почеток на крајот на распадот на електро-енергетскиот систем на Македонија?

March 26, 2023
1 min read

Повеќе од две недели по тешката хаварија на БЛОК 3 од РЕК Битола , МОЛК на менаџерскиот тим! Ни трага ни глас од „планските’’ испади и евтиниот ПР за замајување на јавноста дека состојбата е под контрола.
ВМРО ДПМНЕ предупредува дека РЕК Битола е пред колапс! Термоелектраните се во хаотична состојба и работат надвор од технички параметри. Рудниците беа во застој повеќе од 10 дена, но затоа херојски, навремено и плански цвета бизнисот со увозен битуменозен јаглен, кој покрај тешките провизии граѓаните ќе мора да го платат и со тешки хаварии на постројките во РЕК Битола. Котелот на БЛОК 3 е целосно уништен и никој нема план што треба да се направи. Однесувањето и постапките им се хаотични, што резултира со опасност по човечките животи на вработените, објавија од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве имаме слики како менаџерскиот тим блеска со своите успеси. БЛОК 1 и БЛОК 2 се возат со ‘’неверојатни’’ 148 MW што претставува половина од инсталираниот капацитет или знаејќи дека 10 до 15 % отпаѓа на сопствена потрошувачка двата блока кои моментално работат предаваат МРЕЖ едвај колку ТЕЦ Неготино!

Хаосот и безредието да бидат поголеми, БЛОК1 од денес повторно не е во функција, а Блок 2 има технички проблеми.За хаваријата на котелот на БЛОК 3 се уште се молчи, но дилетанскиот приучен менаџерски тим воопшто не е загрижен за состојбата на блоковите. Гледа само да наплати што повеќе провизии!

Загриженоста е голема бидејќи РЕК Битола е столбот на електро-енергетскиот систем на Македонија, со производство на речиси 80 проценти од електричната енергија во државата.

По повторната хаварија на БЛОК 3, повеќе од јасно е дека ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија, а сметката на крајот ја плаќаме ние, граѓаните.

Ако БЛОКОВИТЕ постојано не работат, па мора одново и одново да се поправаат, тогаш за што се дадени неколку стотици милиони евра што власта ги правдаше дека се за реконструкција на блоковите на РЕК?
Нели ќе се подобреше функционирањето на РЕК Битола?

Каде заминаа 230 милиони евра директни трансвери од буџетот на државата за 2022 година?
Каде отидоа овие тешки милиони, колкаво е загадувањето од увозниот јаглен и канцерогениот мазут?
Колкава е штетата што ја трпи државата поради уништување на котлите ? Дали и колкава ќе биде загубата на ЕСМ за 2023 година?

И додека блоковите на РЕК-Битола, паѓаат како „круши“, раководството на ЕЛЕМ реши да ја замајува јавноста со зелено сценарио, со наводни вложувања во механизација во РЕК Битола, која никако да проработи.

Раководството на Електрани на Македонија нема веќе легитимитет да раководи со оваа државна компанија и мора да си понесе одговорност за дилетатнското, клептоманско,расипничко располагање со енергетските објекти! Ова не е веќе дефект во системот, туку целосен колапс на електро-енергетскиот систем на државата.
Раководството на ЕСМ и на РЕК Битола мора да понесат одговорност. ОСТАВКА ВЕДНАШ!!!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти во Тирана доби поддршка од албанскиот државен врв за договорот од Охрид  

Следно

Алвеш дели автограми во затвор во замена за цигари

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop