Курти во Тирана доби поддршка од албанскиот државен врв за договорот од Охрид  

March 26, 2023
2 mins read

„На Албин му ја изразив целата моја поддршка за храброста со која направи важни чекори кон нормализација на односите со Србија“, напиша албанскиот премиер Албин Курти на Фејсбук

Косовоскиот премиер Албин Курти на денешната средба со својот албански колега и домаќин Еди Рама во Тирана добил поддршка за договорот од Охрид за нормализација на односите со Србија, пренесува ТВ Алсат.  

Албанскиот премиер, Рама во објава на својот официјален фејсбук-профил, истакна дека за време на ручекот со Курти разговарале во детали за договорот од Охрид и за неговата натамошна имплементација.  

„На Албин му ја изразив целата моја поддршка за храброста со која направи важни чекори кон нормализација на односите со Србија. Го охрабрив премиерот да преземе понатамошни чекори во насока или да ги гарантира српските општини во рамките на самостојниот ангажман на српската заедница, или да работи со потребните гаранции на Српската црква на нејзините места за богослужби во Косово, уверувајќи го дека во овој тежок процес ја има мојата целосна поддршка“,

напиша Рама на Фејсбук. 

Албанскиот премиер најави уште една средба на владите на Косово и Албанија која треба да се одржи во јуни, оваа година.  

За време на денешната посета на Тирана, Курти се сретна и со албанскиот претседател Бајрам Бегај.  

Претседателот на Албанија нагласил дека спрoведувањето на европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, како и анексот за негова имплементација се гаранција за мирот, стабилноста и иднината на земјите од регионот во Европската Унија.  

На средбата со претседателката на албанскиот праламент, Линдита Никола, таа му честитала на Курти за трпението, смиреноста, разумноста и храбрите ставови во соработката со ЕУ и САД за евроатлантската иднина на Косово. 

По дванаесетчасовни преговори Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ пред точно една недела во Охрид постигнаа согласност за анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.  

 „Имаме договор и согласност како да го направиме тоа. Косово и Србија се договорија за анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Договоривме кога, кој и како тоа да се реализира. Во рамките на анексот, страните се согласија да ги исполнат сите членови од Договорот и да ги спроведат сите обврски без одлагање и со добра волја“,

рече високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел по дванаесетчасовните преговори во Охрид.    

Инаку, вчера во Приштина во организација на вонпарламентарната Социјалдемократска партија се одржа протест против договорот од Охрид, на кој присутните носеа маски со ликот на премиерот Курти на кои тој беше прикажан со издолжен нос како Пинокио, фрлаа димни бомби и поставија бели знамиња на јарболите пред заградата на косовската влада. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) ТАСС: Тројца повредени во експлозија на украински дрон во Русија 

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Дали ова е почеток на крајот на распадот на електро-енергетскиот систем на Македонија?

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop