ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисот со лекови на Онкологија бил возможен само со знаење на високи структури во клиниката и во власта

September 3, 2023
1 min read

За овој скандал со злоупотреба на терапијата на Клиниката на онкологија мора да има политичка одговорност за молчењето и бавната реакција, но и темелна истрага после која ќе следи кривична одговорност, бараат од опозициската партија

Со кој образ владата на ДУИ и СДС води кампања дека тие се Европа, а Македонија ја тресе скандал со Клиниката за онкологија и правењето бизнис со терапијата на грбот на пациентите, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со случувањата во оваа здравствена установа.

На Онкологија некој правел бизнис со лекови и тоа, велат од опозициската партија, било возможно само со знаење на високи структури во Клиниката и во власта.

„Овој скандал не е од вчера, овој скандал трае со месеци наназад, а можеби и две години. Злоупотребата на скапата терапија, која наместо кај пациентите завршувала на црниот пазар не можела да се случува без знаење на највисоките структури во клиниката и во владата. Зошто МВР и Обвинителство молчеле цело ова време и покрај реакциите од јавноста. Зошто дозволувале некој да прави бизнис на сметка на животите на пациентите? Свесни ли дека доколку реагирале пред година или две или пред неколку месеци, нечиј живот можел да биде спасен или продолжен?“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И половина да е точно од тоа што го објавија медиумите, пишува во реакцијата од партијата, е огромен скандал и затоа бараат да има и политичка одговорност.

„За овој скандал со злоупотреба на терапијата на Клиниката на онкологија мора да има политичка одговорност за молчењето и бавната реакција, но и темелна истрага после која ќе следи кривична одговорност. Доколку тоа не се направи сега, со овие киднапирани институции и киднапирано правосудство, одговорност ќе следи за многу скоро потоа после смената на власта“,

порачуваат од опозицијата.

За потсетување, неделникот „Фокус“ минатиот период објави серија текстови за постоење разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање на скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно, биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката. Во системот, според пишувањата на неделникот, се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од вистинските пациенти им се давала половична терапија и на тој начин скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар.

По ваквите информации, Основното јавно обвинителство Скопје отвори предистрага и во петокот попладне влезе во Клиниката. Вчера соопштија дека претреси биле направени и во два приватни стана во Скопје. а биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација кои понатаму ќе се анализираат и вештачат.

*Поврзани вести:

*Поврзани вести:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Ковачевски и министерот Николовски ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма

Следно

Илјадници евакуирани во Тајван поради тајфунот Хаикуи

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот
Go toTop