ВМРО-ДПМНЕ: Бедно оправдување на Бисера Антоанета, ова е само почеток, утре продолжуваме

August 26, 2024
1 min read

Од сите бедни оправдувања Бисера Антоанета го одбра најбедното или според народната „оваа дупка не е дупка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Ако не беше трагично сигурно ќе беше многу смешно. На ваквото бедно оправдување на Бисера Антоанета не веруваат ни малите деца.
Фактите се дека Бисера со народни пари купила куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти.

Куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.

219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023.

Од Gift Galore London, за 89 фунти, Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.

Ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси, стои во реакцијата на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски вечерва гостин во „За или против“ на ТВ Алфа

Следно

Костадиновка Стојчевска: Фатени сте во лага ВМРО-ДПМНЕ!

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop