ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ, заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

November 27, 2024
1 min read

Неврохирургот на Заев, Венко Филипче и поранешната претседателка на Сорос во Македонија, Викторија Аврамовска Мадиќ не можат да бидат новите лица на СДС, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

И двајцата се продолжена рака на Зоран Заев, кој сè уште ја води СДС.

Аврамовска Мадиќ избраната од пред некој ден заменичка на неврохирургот на Заев, Филипче, ja интересираат само големи месечни хонорари и е специјалист за местење и добивање државни тендери.

Додека Аврамовска Мадиќ била државен функционер, односно секретар во Град Скопје, фирмата на нејзиниот зет доби тендер од градот за набавка на противпожарна скала во вредност од 1,7 милиони евра.

А иста таква противпожарна скала, градската управа на Загреб ја набавила за 800 илјади евра. Што значи дека во периодот кога Аврамовска Мадиќ е секретар во Град Скопје, преку фирмата на зетот, градска каса ја оштетиле за 900 илјади евра.

Фирмата на зетот на Аврамовска Мадиќ во време на владеење на СДС добивал и други тендери, чијашто вредност надминува четири милиони евра.

Од државните институции од кои добивала најмногу тендери се министерството за одбрана, МЕПСО, АД ГА МА, дирекција за заштита и спасување, Град Скопје.

Аврамовска Мадиќ и Венко Филипче се лица добро познати на македонската општествена јавност и за жал, по ништо добро, туку само по криминал, корупција и матни зделки, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Магливо наутро, преку ден сончево време!

Следно

Бајден најави дека Израел и Либан постигнале договор за ставање крај на конфликтот

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,
Go toTop